Кос: С. Македонија има клучна улога во новата стратегија на ЕУ за Црното Море

6

Северна Македонија ќе има централна улога во новата Стратегија на Европската комисија за Црното Море, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан што се одржува во Скопје.

Особено е важен [Коридорот 8] поради тоа што ќе учествува во новата стратегија за Црното Море која само што ја усвоивме на ниво на Европската комисија. Ќе ја поврземе Европската Унија со Централно-азиските земји, и тука Северна Македонија игра главна улога.

изјави Кос.

Таа му честиташе на премиерот Мицкоски за постигнатиот договор со Бугарија за продолжување на инфраструктурната соработка, особено во делот на Коридорот 8, кој се смета за стратешки проект за поврзување на земјите од Балканот со европските и централноазиските економии.

Коридорот 8 – клучна артерија за европска интеграција

Проектот Коридор 8, кој предвидува патна и железничка поврзаност меѓу Албанија, Северна Македонија и Бугарија, добива нов геополитички контекст како дел од иницијативата на ЕУ за подобрување на трговските и енергетските врски со Централна Азија преку регионот на Црното Море.

Овој проект не е само регионален инфраструктурен потфат – тоа е дел од поголема стратегија за зајакнување на европската безбедност, конкурентност и енергетска автономија.

рече Кос.

Самитот во Скопје е дел од пошироките напори на ЕУ за убрзување на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во унијата преку проекти за поврзување, инвестиции и политички дијалог. Еврокомесарката потсети дека Северна Македонија треба да ја искористи оваа историска шанса и со активна улога да придонесе кон регионалната стабилност и економски напредок.

Makedonski