Во шумски пожар во Кочани изгоре една куќа
Огнената стихија што почнала во близина на населбата зафатила една од куќите, која целосно е изгорена, а потоа ветерот неконтролирано го проширил огнот кон блиската шума.
Од Радио Кочани информираа „Огнен пламен проголта куќа во населбата Трајаново Трло – Пожарот сè уште активен“.
Во пожар што избувна околу 14 часот во населбата Трајанов Трло во Кочани изгореа петнаесетина хектари нискостеблести растенија и зимзелена шума.