ВМРО-НП: Имаме историска одговорност кон остварувањето на стратешката цел – Македонија во ЕУ

121

Во текот на вчерашниот ден лидерот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски заедно со генералниот секретар Љупчо Балкоски, во Штип ја одржаа последната во низа регионална средба со општинските комитети кои гравитираат на територијата на изборна единица 2 и 3.

Она што претседателите на општинските комитети на ВМРО-Народна партија го пренеле се ставовите по однос на претстојните локални избори како и за активностите кои се планирани во периодот пред официјално да започне предизборната кампања како и за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на сите општини од втората и третата изборна единица.

Уште еднаш и на овој состанок лидерот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски ја истакнал важноста но и големата одоворност на партијата во поглед на борбата за целосна евро-интеграција на Македонија, која впрочем е и една од историските и стратешки заложби на ВМРО-Народна партија.

Оваа последна во низата регионална средба не става крај на теренските активности на партијата туку напротив уште повеќе го отвора просторот за широка дискусија помеѓу членството и во наредниот период.

известуваат од партијата на Љубчо Георгиевски.

Воедно оваа средба била од посебно значење затоа што токму на четврти јули 2004 година е формирана ВМРО-Народна партија па сходно на тоа на средбата биле споменати и најсветлите моменти од работењето на партијата во овие 21 година постоење на македонската партиско-политичка сцена.

Makedonski