ЦУК: Осум пожари на отворено, од кои четири сѐ уште активни

4

На територијата на државата денеска се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои се уште активни се четири, информира Центарот за управување со кризи. Во Општината Прилеп, во селото Бешиште гори квелитетна мешана шума, а во Општината Македонски Брод, во селото Црешнево, гори деградирана дабова шума и грмушки. Според информациите на ЦУК, во Општината Чашка има шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, а во Велес гори пожар во ниска вегетација.

Во текот на денот изгаснати се четири пожари во селата Врањовци, каде гореше ниска вегетација и ѓубриште, во Лојане, ниска вегетација и стрниште, во Радање површина посеана со жито и ниска вегетација и во Орланци, ниска вегетација и отпад.

За ширењето на пожарите дополнително придонесуваат и временските услови, високите температури и отсуството на врнежи. Управата за хидрометеоролошки работи предупреди дека во текот на следните денови не очекуваат екстремно високи температури, кои во целата земја ќе бидат над 30 степени, а наместа ќе надминуваат и 40 степени. Во недела, во попладневните и вечерните часови, ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.

Makedonski