Орце Ѓорѓиевски е изборот на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во градот Скопје
Во овие моменти на седница на Извршниот комитет е одлучено Орце Ѓорѓиевски да биде кандидатот со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе „трча“ на претстојните локални избори во Град Скопје.
Привршуваат процесите на политичките партии за избор на соодветни кандидатски имиња со кои ќе настапат на градоначалничките и советнички листи во октомври оваа година.