Голем пожар во Ѓорче Петров – гореа дивоизградени штали

5

Голем пожар попладнево ја зафати скопската населба Даме Груев, во општина Ѓорче Петров, при што изгореа импровизирани објекти, односно дивоизградени штали за добиток, лоцирани покрај пругата во близина на железничката станица Ѓорче Петров.

Според очевидци, на терен се присутни неколку противпожарни камиони кои се уште работат на гаснење на огнот. Граѓани кои живеат во близина изјавуваат дека се слушнале и експлозии, а постојат сомнежи дека во моментот на избувнување на пожарот, сопственикот на шталите се наоѓал внатре, поради што се стравува за неговата безбедност.

Надлежните служби засега не излегоа со официјални информации за причината на пожарот и евентуални жртви или повредени лица. Очекувањата се дека истрагата ќе покаже дали пожарот е предизвикан од човечка негрижа, дефект или друг фактор.

Локалното население е видно вознемирено, а чадот и пламените јазици се видливи од повеќе делови на општината.

Makedonski