Пред седум години: Вака Бесарт го “решеташе“ ТНС со четири гола и тоа за 28 минути! (ВИДЕО)
Во пресрет на вечерашниот прв меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу ТНС и Шкендија, убаво е да се потсетиме како беше на 10 јули пред седум години.
Тогаш исто, во 1.квалификациско коло во ЛШ се сретнаа овие екипи, а тој 10 јули 2018 ќе остане во историјата.
Шкендија славеше со 5:0 а Бесарт Ибраими го одигра својот најдобар натпревар во кариерата. Прво Изаир Емини, на негова асистенција во 14.минута донесе водство од 1:0, за да потоа Бесарт го “решеташе“ тимот од Велс со четири голови и на секои седум минту по еден. Прво во 38. минута, па во 53., во 60. и 66.минута. Тоа досега не му успеало на ниту еден наш фудбалер. За само 28 минути во четири наврати или во просек по седум минути по еден гол.
Тaa вечеr на Арената во Скопје фановите на Шкендија просто “збеснаа“ од радост, тоа беше фантазија на Бесарт.