Кој процент на зголемување на инфлацијата ќе биде алармантен за Владата?

30
Инфлацијата на годишно ниво во јуни 2025 во споредба со јуни 2024, изнесува 4.5%, а индексот на цените на мало е зголемен за 3.7%, според Државниот Завод за Статистика.
Мерките што ги превземаше периодично низ годината во која владее оваа Влада, не донесоа никакви економски подобрувања, иако сме 4 економија во Европа.
Под итно е потребно формирање на тело за Кризен економски менаџмент од истакнати професори и стручни лица, за справување со последиците од економските проблеми, најпрво стабилизирање на состојбата, а потоа и намалување на инфлацијата, затоа што оваа Влада очигледно не може тоа да го реши.
Посебно е загрижувачко што зголемувањето на инфлацијата е во летниот период, а следи период на втора половина од годината, кога потрошувачката, а со тоа и цените постојано ќе се зголемуваат.
За еден месец од мај до јуни инфлацијата е 0.8% повисока. Владата дури сега ќе почне со анализирање какви мерки да донесе, а цените секој месец се зголемуваат.
Makedonski