Спречен обид за подметнување на нов пожар близу Блаце
В.д. директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кажа дека било спречен обид за предизвикување на нов пожар близу Блаце со даски обложени во бензин и фрлени во близина на местото каде што во моментов се гасне пожарот од синоќа.
Исто така Ангелов ги демантираше синоќешните информации дека пожарот се заканувал да зафати црква и дека изгореле три куќи, иако истите информации дошле од луѓе кои биле присутни на лице-место.
Процесот на гаснење на пожарите во Чучер Сандево продолжува и во овие моменти и од земја но и од воздух со хеликоптери.