Прогласена кризна состојба на цела територија на државата поради пожарите

5

Владата денеска донесе одлука за прогласување на кризна состојба во траење од 30 дена на целата територија на државата, поради зголемената појава на пожари и ризикот по безбедноста на населението и имотот.

Како што соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева, одлуката е донесена по предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за кризи, кој одржа итна седница денеска.

Ова значи дека на терен се овозможува интегриран пристап и координирано делување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, противпожарните единици, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, како и општинските власти.

изјави Митева.

Таа додаде дека ќе се мобилизираат сите расположливи ресурси, како човечки, технички и логистички, со цел да се справи со огнената стихија и да се заштити животот, здравјето и имотот на граѓаните.

Владата, како што истакна Митева, ќе обезбеди итна помош за сите засегнати подрачја и апелираше до граѓаните да бидат максимално внимателни, строго да ги почитуваат сите препораки, забрани и мерки за заштита од пожари.

Кризната состојба ќе важи од денеска на целата територија на Македонија, а институциите остануваат во постојана координација и состојба на зголемена готовност.

Makedonski