ИЈЗ: Во јуни евидентирани три нови случаи на ХИВ и на СИДА, едно лице починало
Во текот на месец јуни, пријавени се 2 случаи потврдени на ХИВ и еден случај на СИДА, сите три случи се од машки пол, пишува во новиот билтен на месечни заразни заболувања кој го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
„Од новите случаи, два припаѓаат на возрасната група од 30-34 години и еден случај на возрасната група 60-64 години. Регистриран е еден смртен случај од СИДА, претходно, пријавен како заболен во мај 2025 година“, пишува во билтенот.
Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30 јуни), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Северна Македонија, за периодот 1987–2025, изнесува 709, и тоа: 136 лица починале, а 569 лица живеат со ХИВ/СИДА (4 лица се со непознат исход).
„Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 8 заболени лица и тоа пријавени се 4 случаи на вирусен Хепатитис Б, 3 инфекции со хламидија и еден случај гонореја“, се додава во билтенот.