Црн чад над Скопје – гори дива депонија кај Визбегово

5

Густ црн чад утрово се издигна над северниот дел од Скопје, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните. Според информации од очевидци, изворот на чадот е запалена дива депонија во атарот на Визбегово, каде што гори разновиден отпад, вклучително и гуми и пластика.

На терен се присутни екипи на Бригадата за противпожарна заштита, но гаснењето се одвива со тешкотии поради непристапниот терен и интензитетот на пожарот.

Граѓаните од околните населби, вклучувајќи ги Бутел и Ѓорче Петров, се жалат на неподнослива миризба и иритирачки чад. Од Центарот за управување со кризи апелираат за воздржаност и избегнување на престој на отворено во погодените делови од градот.

Надлежните институции најавија истрага за причините за пожарот и најавија дека ќе се разгледаат мерки за расчистување на дивата депонија која веќе подолго време претставува еколошка закана.

Makedonski