Нападната новинарска екипа на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

5

Телевизиската екипа на ТВ Алсат била нападната утрово во близина на местото каде избувна пожар во скопското Визбегово, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според информациите од МВР, во моментов се привршува службениот разговор во полициска станица со нападнатите лица, а се работи на расветлување на целиот инцидент.

Како што пренесуваат медиумите, нападот се случил кога екипата на Алсат прва пристигнала на терен да известува за пожарот што зафати дива депонија во овој дел од Скопје. Новинарите биле прво физички нападнати, а потоа им била оштетена и телевизиската опрема, вклучувајќи ја и камерата.

Инцидентот предизвика реакции во новинарските кругови, каде што се бараат итна реакција од надлежните институции и заштита на безбедноста на медиумските работници кои известуваат од терен.

Засега нема повеќе детали за идентитетот на напаѓачите, ниту за мотивите зад нападот, но МВР најавува дека по завршувањето на службените постапки ќе излезе со дополнителни информации.

Makedonski