ЦУК: Има девет активни пожари, од нив четири се под контрола
Вкупно активни пожари на отворено има девет, од кои под контрола се четири, локализиран е еден, информираат во Центарот за управување со кризи.
„Изгаснати пожари се 49, активни се 9 – Чучер Сандево – Блаце (ниска вегетација) 2. Шуто Оризари – с. Визбегово (депонија) 3. Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума) 4. Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки) 5. Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“) 6. Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума) 7. Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума) 8. Чашка – под Солунска Глава, м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест дел) 9. Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума). Локализиран е пожарот во Кочани – м.в. Бабиште, помеѓу с. Јастребник и с. Полаки (ниска вегетација и мешана шума)“, информираат во ЦУК.
Пожари под контрола се Делчево – Градска депонија „Острец“ 2. Виница – с. Драгобраште (ниска вегетација и нискостеблеста шума) 3. Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаково (борова, дабова и багремова шума) 4. Желино – с. Ларце – различна локација (мешана шума). Изгаснати пожари се 49.