Доналд Трамп го пофали англискиот јазик на либерискиот претседател кој е официјален јазик во земјата
Претседателот Доналд Трамп го пофали владеењето на англискиот јазик од страна на либерискиот претседател, каде што таму англискиот е официјалниот јазик во западноафриканската земја, пренесува Скај Њуз.
Претседателот на САД реагираше со видливо изненадување на вештините на Џозеф Боакаи за говорење англиски јазик за време на состанокот во Белата куќа со лидерите од регионот. Откако либерискиот претседател ги заврши своите кратки забелешки, Трамп му кажа дека зборува „толку добар англиски“ и праша: „Каде научи да зборуваш толку убаво?“
Трамп изгледаше изненаден кога Боакаи се насмеа и одговори дека научил во Либерија. Американскиот претседател посочи тоа тоа било „Прекрасен англиски.“
„На оваа маса имам луѓе кои не можат ни приближно толку добро да зборуваат.“ Боакаи не му кажа на Трамп дека англискиот е официјален јазик на Либерија.
Земјата е основана во 1822 година со цел преместување на ослободените африкански робови и слободнородените црни граѓани од САД. Трамп им вети на лидерите на Либерија, Сенегал, Габон, Мавританија и Гвинеја-Бисао префрлување од помош кон трговија на ненадејната средба.
Тој ги опиша земјите како „сите многу живи места со многу вредна земја, одлични минерали и одлични нафтени наоѓалишта и прекрасни луѓе“.