Во најтешките мигови се познава вистинскиот пријател

12

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, преку објава на Facebook му се заблагодари на својот колега од Ќустендил, инж. Огњан Атанасов, за поддршката и помошта од Бугарија во справувањето со пожарите што го зафатија регионот.

Во најтешките мигови се познава вистинскиот пријател… Благодариме Ќустендил – како едно да сме во она најважното, човечноста.

напиша Митовски, споделувајќи и фотографија со својот бугарски колега.

Поддршката вклучувала техничка и логистичка помош, како и лично присуство на Атанасов на терен, што дополнително ја нагласува регионалната солидарност во справувањето со природните непогоди.

Makedonski