Тетовската Клиничка болница има нов директор

218

Д-р Ерзен Елези е новиот директор на Тетовската Клиничка болница.

Уште во првиот ден од мандатот директорот носи неколку брзи одлуки кои го привлекоа вниманието на јавноста како разрешување на неговата сестра од позицијата раководител на оддел во Клиничкиот центар со што според јавноста можеби е чекор кон поголема професионалност и основа за воспоставување на ред во институцијата.

Сепак, уште поголеми предизвици претстојат за новиот директор. Тетовската болница се соочува со значителен недостиг на основни лекови и хируршка опрема.
Медицинскиот персонал е вознемирен од влошувањето на ситуацијата предупредувајќи дека недостатокот на залихи ја довела институцијата близу до целосен колапс.

Makedonski