Нападната градоначалничката Данела Арсовска во Чаир

5

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска околу 12:15 часот била физички нападната во скопската општина Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР).

Инцидентот во СВР Скопје го пријавило лице со иницијали А.Ј., кое навело дека додека Арсовска извршувала работни обврски на улицата „Кумбара“, неколку лица ѝ упатиле вербални закани, по што физички ја нападнале.

Според МВР, Арсовска одбила да го пријави инцидентот и самостојно се упатила во болницата „8 Септември“ за медицинска помош.

Од МВР најавуваат дополнителни информации по завршување на истрагата.

Makedonski