Регистрирани 14 пожари на отворено – четири сè уште активни

6

До пладне, во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено, од кои четири сè уште се активни, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Активни пожари се бележат:

  • во општина Дојран, кај селото Николич, каде што гори нискостеблеста шума,

  • во општина Чашка, под Солунска глава, со чад во карпест предел,

  • во Куманово, кај местото Преовце, каде што гори ниска вегетација,

  • и во Старо Нагоричане, кај селото Ругинце.

Шест пожари се ставени под контрола, два се локализирани – кај селата Бешиште (Прилеп) и Делисинце (Свети Николе), а две локации се целосно изгасени – кај црквата Св. Троица во Чучер Сандево и с. Белица (Македонски Брод).

Висок ризик од пожари во поголем дел од државата

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), речиси целата територија освен околината на Шар Планина е под висок или многу висок ризик од пожари. Најзагрозени се централниот дел од државата и Кумановско.

На сателитските мапи со автоматски детектирани топли точки, две активни локации се лоцирани во близина на с. Николич (Дојран), потврдува ЦУК.

Индексот на ризик се пресметува според податоци од УХМР, вклучувајќи температура, влажност, ветер и други параметри. Исто така, степенот на суша на вегетацијата се следи преку сателитски податоци на НАСА, каде црвената боја укажува на екстремна суша и висока запаливост, особено во планинските предели.

Makedonski