Арсовска по нападот во Чаир: „Физички ме нападнаа, имаше и закани пред полицијата“

8

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, попладнево изјави дека била физички нападната во скопската општина Чаир, при службена посета на локација каде, според неа, се вршело бесправно градење и кражба на електрична и водоводна мрежа.

Арсовска била примена во болницата „8 Септември“, а по излегувањето изјави дека врз неа бил извршен напад „со клоци, замавнување и сериозни вербални закани“, вклучително и закани за неа и нејзиното семејство. Таа додаде дека нападот се случил пред очите на полициски службеници, кои, според неа, не реагирале соодветно.

Наместо да го приведат, му дозволија повеќе од половина час да навредува, се јавуваше по телефони и се закануваше.

изјави Арсовска, додавајќи дека и нејзини соработници, вклучително и советници и секретарот на Градот, биле вербално и физички нападнати.

Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно информираше дека инцидентот бил пријавен од друго лице, со иницијали А.Ј., а не од страна на градоначалничката. Според МВР, Арсовска по инцидентот самостојно се упатила во болницата „8 Септември“.

Makedonski