Ламине Јамал од денеска е полнолетен: Роденденот го прослави со луда забава (ФОТО)

1

Од денеска Ламине Јамал има 18 години. Од денеска мега – ѕвездата на Барселона и светскиот фудбал е полнолетен, а според медиумите во Шпанија, тој роденденот го прославил со спектакуларна забава синоќа на непозната локација. Самата прослава за почеток се одржала во еден ресторан во градчето Ел Гараф во Каталонија, каде што биле неговите најблиски пријатели и секако цело семејство, за да потоа главната забава се одржала на непозната локација, барем такви беа најавите синоќа.

Сега се чека на спектакуларната промоција на неговиот нов договор со Барселона кој е потпишан и е со важност до 2031 година со откупна клаузула од една милијарда евра.

Исто така Јамал ќе ја добие и престижната “десетка“ на Барса како подарок за неговиот роденден, дресот во кој играа Марадона, Роналдињо, секако и Меси.

Кога сме кај споредбите со Меси, секако и со Роналдо, бројките зад фантастичниот Јамал се далеку на повисоко ниво од времето кога Меси и Роналдо станувале полнолетни.

Makedonski