Вреди тврди дека ДУИ, Левица и Арсовска инсценирале меѓуетничка дестабилизација за политички интереси
„Додека граѓаните бараат стабилност, на една фотографија што кружи во јавноста се гледа пратеникот на ДУИ, Муса Џафери, како седи на маса со пратеникот на Левица– претставник на најантиалбанската, проруска и дестабилизирачка партија во државата. Кои планови биле дискутирани на таа средба? Кој ја наредил и со каква цел? Сето ова се случува во контекст каде што еден функционер на ДУИ во општина Шуто Оризари е под истрага за намерно подметнување пожар, при што во неговиот дом биле пронајдени запаливи материи и сериозни докази што предизвикуваат сомнежи за саботажни дејствија со тешки последици за жителите. Овие настани не се изолирани – тие се дел од опасна стратегија на ДУИ, во тивка соработка со Левица и Данела Арсовска, за провоцирање хаос, враќање на стравот и создавање политички алиби. Ова се опасни игри со меѓуетничкиот оган кои ја загрозуваат соживотот и стабилноста на државата! Вреди упатува силен повик до меѓународниот фактор, амбасадите и меѓународните организации, внимателно да го следат ова намерна и штетна стратегија, да ги истражат сите случаи и да не дозволат криминалците и поттикнувачите на омраза да се кријат зад политички знамиња“, велат од Вреди.