Времето денеска: Сончево и топло, попладне нестабилно
Денеска не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен.
Попладне, на повеќе места е можен развој на нестабилна облачност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје слични услови – претежно сончево со мала до умерена облачност. Попладне, во делови од котлината, се можни пороен дожд и грмежи.