Филипче: Македонскиот јазик е извојувана победа во Европската унија благодарение на нашата дипломатија
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето на „Канал 5“ зборуваше за успесите на македонската дипломатија во заштитата на јазикот и идентитетот во процесот на европските интеграции.
Има една победа тука и тоа мора да го признаеме, затоа што е констатирано како факт дека сите земји членки на Европската унија го признаа македонскиот јазик, а нашата борба беше тоа да не се оспорува на ниво на Европската унија.
рече Филипче.
Тој потсети дека патот кон ЕУ никогаш не бил лесен, но секогаш се нашло решение со работа и дипломатски напори. „Јас се сложувам дека има многу предизвици, меѓутоа нашиот пат кон Европската унија никогаш не бил лесен. Еве да се присетиме на почетокот на 2000-те години кога ја добивме препораката за почеток на преговори со Европската унија, тогаш проблемот со Грција ни изгледаше нерешлив, па еве се реши проблемот со Грција на начин на којшто чист македонски јазик е констатиран во Преспанскиот договор,“ истакна Филипче.
Филипче посочи и на значењето на Преспанскиот договор за Македонците во егејскиот дел на Македонија.
Благодарение на тој договор, и Грците, Македонците коишто живеат во егејскиот дел на Македонија, може да го користат јазикот, да се собираат, да пеат македонски песни. Кога ќе ги прашате зошто, самите велат: ‘Гледајте, нашата Влада, нашата држава сега го призна македонскиот јазик.
рече тој.
Претседателот на СДСМ ја истакна и победата над бугарските оспорувања на нашиот јазик, благодарение на дипломатските напори.
„Нашата дипломатија извојува победа на начин на којшто и Бугарија потпиша договор на македонски јазик. Притоа има резолуција во нивниот парламент којашто се поништи благодарение на нашата дипломатска активност и на нашите дипломати,“ нагласи Филипче.
„Тоа значи дека владата е таа којашто ја води борбата за Европа, за државава, за јазикот, за идентитетот,“ додаде тој.