Одложено судењето на Раде Трајковски-Штекли поради влошена здравствена состојба
Судското рочиште против Раде Трајковски, познат како Штекли, денеска беше одложено откако обвинетиот доживеал сериозно влошување на здравствената состојба. Според информациите од судот, Трајковски бил неконтактибилен и дезориентиран, поради што итно бил пренесен со болничко возило во Клиничкиот центар.
Според известувањето, обвинетиот имал напади и во текот на вчерашниот ден, а денеска бил однесен во здравствена установа.
соопшти судијата Владимир Трпков на почетокот на рочиштето.
Останува неизвесно кога ќе продолжи судскиот процес, а одбраната и обвинителството сега ја очекуваат медицинската документација за понатамошен распоред на термини.