Американската Православна Црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

8

Американската Православна Црква (АПЦ), која формално е признаена само од Руската православна црква, донесе одлука за признавање на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).

Одлуката е донесена на синодска седница одржана на 21 мај 2025 година, и вклучува признание на каноничноста, како и потврда за полно литургиско и евхаристиско општење со архијереите, свештенството и верниците на МПЦ-ОА.

Оваа одлука беше донесена на барање на Неговата Светост, Патријархот Порфириј од Србија, кој во официјална кореспонденција побара АПЦ, во согласност со Томосот доделен од Српската Православна Црква, да ја признае автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

се наведува во соопштението на АПЦ.

Според информациите, се планира заедничко богослужение меѓу Митрополитот Тихон, поглаварот на АПЦ, и Архиепископот Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА. Овој чин треба да се одржи во катедралниот храм „Свети Никола“ во Вашингтон и ќе биде симболично финализирање на меѓусебното признавање на двете цркви како рамноправни автокефални православни цркви.

Иако Американската Православна Црква во соопштението ја ословува МПЦ со уставното име, Архиепископот Стефан се именува како „Архиепископ на Охрид“, што укажува на внимателна формулација со канонска чувствителност.

АПЦ има посебен статус меѓу православните цркви – нејзината автокефалност ја признава само Руската православна црква, а не и Вселенската патријаршија или останатите помесни цркви што ѝ се блиски. Сепак, нејзиниот канонски статус генерално не се доведува во прашање.

Ова признание доаѓа како дел од пошироката динамика по признавањето на МПЦ-ОА од страна на Српската патријаршија и, потоа, и од Вселенската патријаршија, што ја зајакнува нејзината меѓународна положба во православниот свет.

Makedonski