Насер Зибери заминa во пензија

4

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска на почетокот на 60. пленарна седница соопшти дека на 12 јули 2025 година му престанала функцијата на Народниот правобранител Насер Зибери поради исполнување на условите за старосна пензија.

– Ве известувам дека Народниот правобранител Насер Зибери на 12.07.2025 година исполни услови за старосна пензија. Констатирам дека врз основа на член 9 став 1 точка 3 од Законот за Народниот правобранител, му престанува функцијата поради навршување на старосната граница, рече Гаши.

Иако пратениците на 10 јули  изгласаа одлука за да се распише конкурс, одлуката не беше потпишана бидејќи претседателот на Собранието Африм Гаши беше на службен пат.

Makedonski