Водовод: Ние не сме одговорни за прекинот на водата во Детската болница Козле

4

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ ја отфрли одговорноста за прекинот на водоснабдувањето во Детската болница Козле, посочувајќи дека проблемот потекнува од внатрешната водоводна инсталација на самата установа.

По теренски увид, нашите екипи утврдија дека дефектот не е во надворешната мрежа туку во системот внатре во објектот – што е надвор од нашата надлежност. Болницата е информирана дека е потребна итна санација.

информираат од ЈП Водовод.

Дополнително, претпријатието алармираше за нерационално користење на водата во болничкиот двор, каде биле забележани активности на полевање на тревни површини и зеленила, иако во објектот немало вода.

Во ситуација кога е загрозено основното водоснабдување, ваквото трошење на вода е целосно неодговорно и недозволиво.

нагласуваат од Водовод.

Претпријатието ги отфрли и обвинувањата од раководството на болницата, оценувајќи ги како „неоправдани и неосновани напади“.

Сепак, со цел да се обезбеди барем основен пристап до вода за најмладите пациенти, ЈП Водовод постави цистерна со питка вода пред влезот на болницата.

Makedonski