Сончево и топло време со температури до 37 степени – следува топлотен бран

5

Денеска Македонија ја очекува претежно сончево и топло време, со слаба до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните утрински температури ќе се движат од 10 до 19 степени Целзиусови, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 29 и 37 степени. Во Скопје времето ќе биде слично – сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во главниот град ќе се движи од 17 до 37 степени.

Според најавите на УХМР, од утре земјава ќе потпадне под влијание на топла воздушна маса од југ, што ќе донесе стабилно, сончево и екстремно топло време. Во текот на наредната работна седмица, температурите ширум државата ќе надминат 30 степени, а на повеќе места ќе се искачат над 35, со можни екстреми и над 40 степени Целзиусови.

Надлежните упатуваат апел до граѓаните за зголемена внимателност во најтоплите делови од денот и редовна хидратација, особено кај постарите лица, хронично болните и децата.

Makedonski