Пожарот меѓу Желино и Еребино добива воздушна поддршка – активирани армиски хеликоптер и „Ер трактори“

5

Пожарот кој беснее помеѓу селата Желино и Еребино, зафатил сува вегетација и грмушки, а поради неговиот обем и тежок терен, Дирекцијата за заштита и спасување најави вклучување на два авиона „Ер трактор“ од 16 часот за воздушна интервенција.

Веќе е ангажиран еден армиски хеликоптер, а на терен се делува и со:

  • полициски камион марка МАН со цистерна од 8 тона и воден топ,

  • два пинцгауери,

  • возило тип „хермелин“,

  • 30 припадници на Армијата,

  • повеќе екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита,

  • и пожарникари од ТППЕ Тетово.

Надлежните апелираат на внимателност и соработка од граѓаните, а Дирекцијата нагласува дека се преземаат сите можни мерки за спречување на проширување на пожарот кон населени места и објекти.

Makedonski