Пожарот во Желино локализиран и ставен под контрола
Според последните информации од теренот противпожарните екипи кои го гаснат пожарот во близина на Желино и базата „Еребино“ известуваат за локализирање и ставање под контрола, благодарение на брзата реакција како и извонредната координација помеѓу противпожарните органи.
Огромна работа завршија и двата „ер трактори“ кои во неколку наврати исфрлаа вода и во голема мера помогнаа во локализирањето на пожарот.
Според граоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу, а врз основа на информациите од пожарникарите кои пронашле запалени гуми, и овој пожар е најверојатно подметнат.
Дроновите на МВР сеуште ги нема, а „кооперативците“ на директорот на ДЗС најверојатно немаат јурисдикција на овие простори.