Војната во Украина не ја води ЕУ за да гинат Украинци

6

Од почетокот на агресивната воена инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Вистината е дека Русија е таа којашто изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година. Да се очекува од Украина да седи со скрстени раце би значело дека граѓаните на Украина се согласуваат со тоа да бидат окупирани и територијално преземени од Русија, што не се случи. Украина како независна држава со територијален интегритет и суверенитет има право да се брани и да ги користи расположливите средства на помош од своите пријатели. Доколку не го прави тоа, тогаш таа би се соочила со уште поголеми територијални претензии од страна на Русија, пишува Вистиномер.

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Народе дали ти е јасно дека војната Украина со Русија не ја води Украина туку ЕУ потпомогната од САД каде гинат Украинци?

Не е точно дека војната во Украина е војна на Европската Унија, како што тоа сака да го прикаже објавата.

Ваквото тврдење оди во прилог на про-Кремљ дезинформациите дека Русија не е виновна за војната во Украина, дека војната ја почнале ЕУ и НАТО,  а Русија само се брани. На 24 февруари 2022 година, руските трупи започнаа напад врз Украина нареден од претседателот Владимир Путин, кој најави „специјална воена операција“ во раните мугри, и покрај предупредувањата од светските државници дека потегот може да доведе до најголемата војна во Европа од 1945 година.

На нападот му претходеше одлуката на рускиот претседател Путин од 21 февруари 2022 година, за признавање на независноста на таканаречените народни републики во Доњецк и Луганск, кои од 2014 година се под контрола на проруските сепаратисти. Ваквата одлука на Путин му овозможи директно да испрати руски воени единици во Источна Украина, каде веќе беа во тек повремени судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

Од почетокот на агресивната воена инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите, односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Вистината е дека Русија е таа којашто изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година.

ЕУ ѝ пружа воена и финансиска помош на Украина која има право да се брани од воената руска инвазија и да го штити својот територијален интегритет.

Од февруари 2022 година, Европскиот совет и Советот на Европската Унија редовно се состануваат за да разговараат за ситуацијата во Украина од различни перспективи.

Русија мора веднаш да ја прекине оваа страшна војна. Европската Унија ќе застане до Украина со својата цврста поддршка онолку долго колку што е потребно,стои во заклучоците на Европскиот совет од 9 февруари 2023 година.

Лидерите на ЕУ во неколку наврати побараа Русија веднаш да ги прекине своите воени акции, безусловно да ги повлече сите сили и воена опрема од Украина и целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Тие го истакнаа правото на Украина да ја избере својата судбина и го пофалија народот на Украина за нивната храброст во одбраната на својата земја.

ЕУ покажа единство и сила и ѝ обезбеди на Украина хуманитарна, политичка, финансиска и воена поддршка.

Поддршката за Украина е во согласност со нејзиното право на самоодбрана. Неточно е да се каже дека ЕУ или некоја европска држава ја испровоцирала воената инвазија. Всушност, Русија не беше нападната од никого.

Русија ја започна војната против Украина без да биде загрозена од Украина или која било друга земја во Европа.

Незаконски го анектираше Крим во 2014 година и продолжи со заземање територии во Доњецк и Луганск. И во 2022 година, со целосната инвазија на Русија на Украина, започна најкрвавиот конфликт во Европа од Втората светска војна. Русија ги погоди болниците, училиштата и трговските центри. Русија ја бомбардира цивилната енергетска и водна инфраструктура. Русија убива украински цивили. Украина има право и одговорност да го заштити својот народ. Самоодбраната е фундаментално право, кое е вградено во Повелбата на ОН. А, НАТО има право да ја поддржи Украина додека се обидува да го поддржи нејзиното право на самоодбрана и да преовладува како суверена држава во Европа. Самоодбраната и поддршката на самоодбраната е во согласност со меѓународното право, пишува на сајтот на НАТО.

НАТО исто така ја осудува руската брутална и непровоцирана воена агресија кон Украина, која е независна и демократска држава и близок НАТО партнер. НАТО и сојузниците ѝ даваат на Украина поддршка во нејзиното неспорно право на самоодбрана. Воената помош вклучува оружје, опрема и финансиска помош за украинската војска. Хуманитарната помош опфаќа медицински, прехранбени и други производи за цивилите, додека финансиската помош доаѓа во форма на грантови, заеми и гаранции.

Од почетокот на агресивната воена инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Вистината е дека Русија е таа којашто изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година. Да се очекува од Украина да седи со скрстени раце би значело дека граѓаните на Украина се согласуваат со тоа да бидат окупирани и територијално преземени од Русија, што не се случи. Украина како независна држава со територијален интегритет и суверенитет има право да се брани и да ги користи расположливите средства на помош од своите пријатели. Доколку не го прави тоа, тогаш таа би се соочила со уште поголеми територијални претензии од страна на Русија.

Не е вистина изнесеното во објавата дека ЕУ и САД ја водат војната во Украина за да гинат Украинци. Според ваквата логика, Украинците би требало да се предадат односно да не ја бранат сувереноста и територијалниот интегритет на својата држава, па на таков начин да ѝ дозволат на Русија целосно да ги окупира што секако не се случи. Од самиот старт на неиспровоцираната воена инвазија на Русија врз Украина, Украинците пружаат одбрана и отпор, многу пожестоко отколку што се очекуваше.

Наративот дека Украинците се приморани да се бранат е дел од руската пропаганда со дезинформации. Митот од „пакетот наративи“ од оваа група е дека „победата на Русија е неизбежна и дека западната помош за Украина само ја ескалира ситуацијата и го пролонгира страдањето“.

Западот не ги злоупотребува и приморува Украинците да гинат, туку им дава помош за самоодбрана која им е неопходна. Западот не би давал помош за Украина доколку државата од тоа нема потреба и доколку Русија нема територијални претензии кон Украина. Дополнително, патриотските чувства и дела на украинскиот народ како и на раководството на државата кое одлучи да не се предаде, туку да се брани, не може да се минимизираат.

Од сето погоре оценуваме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Makedonski