Стоилковиќ: Треба сеопфатен пристап за зајакнување на традиционално добрите односи меѓу Македонија и Србија
„Денеска во седиштето на Српската патријаршија остварив средба со неговата Светост, почитуваниот патријарх на Србија, Порфириј. Во срдечна атмосфера разменивме мислења и ставови за традиционално пријателските врски меѓу нашите две земји и српскиот и македонскиот народ. Се согласивме дека може да се направи повеќе и подобро, што укажува на потребата од сеопфатен пристап кон соработката и целисходна работа за воспоставување поинакви примери и јасни принципи, сѐ со цел да ги охрабриме нашите граѓани и да го направиме Балканот подобар за народите кои живеат тука“, напиша Стоилковиќ на фејсбук.
Стоилковиќ се пофали дека од Порфириј на подарок добил осветена икона на Свети Сава.