Автобус на ЈСП се запали во движење, жената која го управувала е хоспитализирана на Токсикологија

4

 

Утрово во 07:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје избувнал пожар во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), информираат од Министерството за внатрешни работи.

Со автобусот управувала С.Б., која успеала да го изгасне огнот. Потоа, таа била пренесена на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ е укажана лекарска помош.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за избувнување на пожарот.

Makedonski