Во изминатото деноноќие евидентирани 38 пожари – шест сè уште активни

4

Во текот на последните 24 часа во земјава се евидентирани вкупно 38 пожари на отворено, од кои шест остануваат активни, пет се ставени под контрола, а 27 се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите од терен, активни пожари има во општините Василево, Радовиш, Берово, Македонски Брод, Прилеп и Желино.

Под контрола се пожарите во општините Ресен, Велес, Гостивар и два во Прилеп. Благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи, изгаснати се пожари во низа општини: Студеничани, Шуто Оризари, Сарај, Кисела Вода, Гази Баба, Прилеп, Долнени, Струмица, Гевгелија, Кичево, Велес, Свети Николе и Куманово.

ЦУК апелира граѓаните да бидат внимателни, особено во услови на високи температури и засилен ветер, кои го зголемуваат ризикот од појава и ширење на пожари. Се потсетува дека палење стрништа, ѓубре и отпад на отворено е строго забрането и казниво со закон.

Makedonski