Почина велосипедист по сообраќајка во Тетово

193

На 18 јули околу 15:30 часот, на улицата „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски ознаки и велосипедист.

Според информациите од СВР Тетово, автомобилот го управувал 42-годишниот Т.И. од Тетово, а при несреќата било удрено велосипедистот С.С. (68), исто така од Тетово. Повредениот бил итно пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите, тој бил префрлен во скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“, но за жал им подлегнал на повредите.

Екипа од СВР Тетово извршила увид на местото на настанот, а за случајот бил известен и надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово.

Тетовчани се прашуваат што е причината за зголемувањето на сообраќајните незгоди во кои велосипедисти биваат прегазени и до кога ќе трае „башибозукот“ по тетовските улици?

Дали воопшто се контролира кој управува со моторни возила, дали смеат и имаат дозволи, дали возат под некакво дејство на недозволени супстанци но едно е сигурно дека зголемен е бројот на жртвите во сообраќајот особено после вакви тешки сообраќајни несреќи.

Дали постои некаков план за намалување на ваквите случаеви или и овој ќе се „протне“ како и секој друг под „чергиче“ и ќе остане како бледа дамка за безбедноста на улиците?!

Makedonski