ЦУК: Пет активни пожари на отворен простор
До утрово, до 7 и 30 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, три се под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари.
Два активни пожари кај Македонски Брод, односно во кај селата Грешница и Локвица, потоа, кај селото Нивичино во Василево, во селото Бешиште кај Прилеп, помеѓу селата Церово и Групчин во општина Желино.
Во петте активни пожари главно се зафатени мешана, нискостеблеста и деградирана шума, како и грмушки и ниска вегетација. Три пожари се ставени под контрола – меѓу селата Царевиќ и Смолани во општина Прилеп, кај селото Латово во Македонски Брод и во близина на тунелите на автопатот Е-75 кај Демир Капија.
Вкупно 29 пожари на отворен простор се изгаснати.