Сојуз на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи: Во Тетово и за Тетово треба да се борите, а не од Тетово да се откажувате!

77

Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи јавно изразува загриженост и упатува реакција по одлуките на најголемите македонски политичките партии ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ да се откажат од кандидирање Градоначалник на Општина Тетово.

Еден политички субјект мора да креира политики и да се вложува со сите потенцијали за целокупен развој на секое населено место во земјава, а со тоа и за благосостојба на секој граѓанин без разлика на неговата националност, припадност или определба. Одлучувајќи да не учествуваат во изборите за градоначалник на Општина Тетово најголемите и најстарите политички субјекти ВМРО ДПМНЕ и СДСМ размислиле ли каква порака испраќаат? Размислиле ли во чии раце го оставаат Тетово? Неприфатливо е Тетово да биде нивниот влог во изборните комбинаторики! Прифаќањето на чисто етничкото гласање како непроменлив факт, негативно се одразува врз избирачката еманципација на граѓаните, но и врз квалитетот на политичката понуда.

Сепак, во лошото се крие и една убава можност. Можноста заедно да поддржат независна кандидатура, за граѓаните на Тетово од сите етникуми да можат да избираат алтернатива на сивилото кое им се нуди од квази балистичките и националистички политички наративи со кои ќе се зачинат по правило најавените понуди, празни по суштина.

Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи повикува на созревање и разбирање на неопходноста за повеќе од потребното национално обединување и надминување на ниските партиски интереси.

 

(инегрален текст од соопштението на Сојузот на борците од НОАВМ и граѓани продолжувачи)

Makedonski