Двајца малолетни велосипедисти од Исланд повредени во сообраќајка кај Куманово

8

Двајца малолетни велосипедисти од Исланд, учесници на Европските младински олимписки игри што се одржуваат во Македонија, се здобиле со телесни повреди откако во нив удрило патничко возило за време на тренинг.

Инцидентот се случил на 23 јули околу 12:09 часот, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на селото Зубовце. Според информациите, автомобил „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски таблички, управуван од 42-годишниот Н.Б. од Куманово, удрил во двајцата спортисти кои тренирале за претстојната велосипедска трка.

Повредените биле итно пренесени во Општата болница во Куманово, каде што им биле констатирани телесни повреди.

На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Куманово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Makedonski