Македонија сеуште гори – 33 пожари во тековното деноноќие

6

Врз база на информациите од Центарот за управување со кризи во изминатите 24 часа на територијата на Македонија биле регистрирани 33 пожари од кои седум се ставени под контрола, а други седум се сеуште активни.

АКТИВНИ ПОЖАРИ:
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума, крак кон с. Градешница);
3. Општина Македонски Брод  – с. Црешнево (ниска вегетација);
4. Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);
5. Општина Кочани – с. Нивичани (ниска шума и трева);
6. Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума);
7. Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска вегетација).

ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:
1. Општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, м.в. Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева);
3. Македонски Брод  – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки, ниска вегетација);
4. Македонски Брод  – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
5. Македонски Брод  – с. Латово (мешана шума);
6. Општина Ресен – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација);
7. Општина Желино – меѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума).

Makedonski