33 општини со државни пари ќе градат канализациски мрежи

7

 

„Денеска се потпишаа 44 проекти на 33 општини без разлика на етничката, политичката припадност, имаше и од позицијата и од опозицијата, и Албанци, и Македонци, но најбитно беше дека се квалитетни проекти кои што придонесуваат директно за подобар животен стандард на граѓаните, како и за подобра животна средина. Проектите во главно се за водоснабдување, атмосферска канализација и други квалитетни проекти кои што придонесуваат за да се подигне стандардот на живеење на сите граѓаните во Република Македонија“, изјави Меџити.

Нагласи дека овие пари немаат врска со унгарскиот кредит, ниту пак со некои други фондови, туку, како што рече, се средства од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планиарње.

„Овие пари се посебни, немаат врска со унгарскиот кредит, ниту со другите фондови. Ова се средства од буџетот на Министерството за животна средина, поделени на 33 општини, кои претставуваат од прилика пола од вкупниот број на општини“, рече Меџити.

На новинарско прашање поврзано со проблемите со водоснабдување, како и загадениот воздух кој скопјани го дишат деновиве, Меџити посочи дека тоа е надлежност на Град Скопје, но, како што рече, Владата ќе помогне доколку има потреба.

„Мислам дека за тоа треба да одговори градоначалничката на Град Скопје и директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација. Ако има потреба ќе помогнеме како Влада, но надлежност е на Град Скопје. Десет милиони денари се издвоени за дивата депонија во Никуштак и во Кочани, плус со ребалансот на буџетот поминаа уште 30 милиони денари. Ова се средства за чистење на диви депонии и покрај тоа што се чиста надлежност на општините. Во овој дел ќе излеземе во пресрет и на терен и колку што можеме ќе помогнеме, бидејќи најбитни ни се граѓаните и нивната безбедност. Во однос на воздухот, вчера се потпиша Меморандумот со турската компанија за гасификација на целата држава, проект којшто ќе биде некаде околу милијарда евра, што директно ќе влијае да имаме 50-70 отсто почист воздух“, рече Меџити.

Makedonski