Состојбата во Газа – човековиот и морален колапс на општеството

6

Во време и состојба на пад на општествената свест за човековото битисување како индивидуа без притоа да се покаже и трошка емпатија за сликата од Газа каде што наликува на се само не на нормално општество во 21 век. Денешната состојба во Газа е доказ дека историјата се повторува, сликите од Газа ни ја доловуваат сликата од Аушвиц, изгладнување до смрт, болести, најдолно подсмевање со маката на обичниот човек, децата и жените.

И токму кога светот мора да покаже барем трошка солидарност, државите понесени од тиранскиот поттик на европските „империјални“ сили, се придружуваат во докажувањето на тој општествен и морален колапс на совеста.

Не назадуваме ни ние како држава. На вчерашната собраниска седница нашата држава (несакајќи да го валкам името) со срамни 16 гласа „ЗА“, не ја изгласа хуманитарната помош за Газа која во моментов е најпотребна.

Тука не станува збор за идеологии, неоспорен е фактот дека борбата против тероризмот и слично е оправдана но зошто децата мора да ги трпат последиците од војната? Зошто гладот како  најнечовечко „оружје“ се употребува против оние кои ако ништо друго сакаат само да го живеат својот живот, каков и да е?

И да, сувопарната поддршка за Израел визави Палестина која по се изгледа, според Франција, е новата реалност не ги прави луѓето повеќе десничари, конзервативци, туку го убива духот на совеста, емпатијата и моралната свест. Тие деца таму се гладни, умираат од глад и болести, а ако еден процент од тој народ се терористи, не значи дека цел народ е терористички, барем тоа треба да го знаеме како нација, држава или едноставно и просто, како општество кое претендира и се бори за поголема видливост, правичност и благосостојба во светот.

 

Makedonski