Условни казни за напаѓачите на новинарската екипа на Алсат во Визбегово

5

Основниот кривичен суд Скопје изрече условни затворски казни за лицата А.Н. и М.К., кои на 9 јули годинава физички ја нападнаа новинарската екипа на телевизијата Алсат додека известуваше за пожарот на дивата депонија во скопската населба Визбегово, пренесува Радио Слободна Европа.

Нападот се случил додека екипата снимала прилог за загадувањето на воздухот предизвикано од огнената стихија.

Обвинетите го признале делото и ја прифатиле постапката. Судијата им изрече условни казни – А.Н. доби условна затворска казна од три години, додека М.К. една година и три месеци. Во случај да ја прекршат условната мерка, ќе бидат испратени на издржување на ефективна казна затвор.

Makedonski