Привремени измени на сообраќајот на булевар „Партизански одреди“ поради стручни мерења
Поради изведување на стручни мерења, на булеварот „Партизански одреди“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим кој ќе се реализира во две фази.
Во првата фаза ќе се затвора по една лента во насока од Центар кон Ѓорче Петров (исток-запад), додека во втората ќе се врши затворање по истиот принцип, но во обратна насока – од Ѓорче Петров кон Центар (запад-исток).
Од Општина Карпош информираат дека сообраќајот ќе се одвива непречено и во согласност со поставената привремена сигнализација. Брзината на движење ќе биде ограничена на 30 км/ч на местото на изведување на работите.
Работите ќе траат седум работни дена, по што ќе биде воспоставен редовниот сообраќаен режим.
Општината упатува апел до граѓаните да се придржуваат кон привремените сообраќајни правила и изразува благодарност за разбирањето и соработката.