Активни 15 пожари на отворено – најсериозен кај планината Готен

6

До 20:30 часот вечерва, на територијата на државата се активни 15 пожари на отворен простор од вкупно 28 регистрирани во текот на денот. Според надлежните, два пожари се ставени под контрола, а единаесет се целосно изгаснати.

Најсериозен е пожарот на тромеѓето меѓу Василево, Берово и Радовиш, на планината Готен. Поради непристапниот терен, гаснењето е отежнато, а во акцијата се вклучени повеќе од 150 лица.

Во исто време, пожар беснее и во соседна Бугарија, во општина Струмјани, каде што силниот ветер го разгорува и забрзано го шири огнот.

И на македонска и на бугарска територија, како главна причина за пожарите се наведува човечката небрежност. Во изминатото деноноќие, во Бугарија биле регистрирани дури 210 пожари на отворен простор.

Makedonski