За влез 40, а за излез од Македонија се чека 20 минути – на граничните премини редовна состојба
Во текот на денешниот ден, сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по суви коловози, со зголемен интензитет надвор од урбаните средини. На граничниот премин Табановце е регистрирана поголема фреквенција на возила, при што времето на чекање за влез во Македонија изнесува околу 40 минути. На преминот Богородица, пак, за излез од земјата се чека приближно 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна не се забележани значајни задржувања.
Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни при управување со возилата, особено на патните правци низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од одрони. Посебна претпазливост се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.