Официјално: Калц е новиот тренер на Шкендија Арачиново! (ФОТО)
Иксусниот Љупчо Марковски – Калц и официјално е новиот тренер на Шкендија Арачиново. Откако е повратникот во ВМФЛ се раздели со својот досегашен стратег Шабан Сулејман, се одлучи за нов шеф на струката да го назначи некогашниот капитен на Вардар и екс репрезентативец. Познато и признато име во мак – фудбалот.
Инаку што се однесува до тренерската кариера, Марковскиво неколку наврати беше тренер на Скопје, кусо време беше стратег на Работнички, беше и во Тетекс како и во Академијата на Вардар.
“Среќен сум што се приклучувам на сериозен клуб како Шкендија Аачиново. Се разбира дека заедно со директорите и играчите ќе работиме напорно со цел за да го подигнеме тимот на уште повисоко ниво“ посочи Калц.