Во Бугарија снимка од пиромани кои намерно предизвикуваат пожар

12

Вознемирувачка снимка на двајца пиромани како подметнуваат пожар во шумски предел се појави на социјалните мрежи, предизвикувајќи бурни реакции во јавноста. На видеото, кое го објави Фејсбук страницата „Пожарникари Струмица“, се гледа како лицата, најверојатно со запалки за цигари, го потпалуваат огнот без никакво двоумење.

Снимката е направена во раните утрински часови во близина на Велико Трново, Бугарија, земја која во моментов, како и поголемиот дел од регионот, се соочува со сериозни шумски пожари.

„Пиромани фатени како го започнуваат пожарот!! Станува збор за видео од сигурносна камера, снимено утрово во Р. Бугарија“, се наведува во објавата.

Од здружението изразија надеж дека и кај нас наскоро ќе се објават слични видео-докази од сигурносни камери, кои би помогнале во идентификација и санкционирање на евентуални подметнувачи на пожари.

Видеото можете да го погледнете на овој линк.

Makedonski