Утврдена индиректна дискриминација врз професионалните војници – Синдикатот бара законски измени

5

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди постоење на индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира Независниот синдикат на професионални војници од Скопје.

Претставката до Комисијата била поднесена од претседателот на синдикатот, Александар Насковски, на 12 ноември 2024 година. Тој посочува дека Министерството со години не го трансформира работниот однос на професионалните војници од определено на неопределено време, што е спротивно на член 46 од Законот за работни односи.

Професионалните војници се единствената категорија во државата кои и по 25 години работа остануваат со договори на определено време, кои често се продолжуваат и по седум или осум пати, без можност да остварат право на пензија.

изјави Насковски.

По, како што велат, долготрајна институционална игнорација, синдикатот на 3 јуни 2025 година доставил предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата до Собранието и сите пратенички групи. Со предложените измени се предвидува конечно решавање на статусот на професионалните војници и спроведување на препораките на Комисијата.

Makedonski