Алијансата за Албанците со четворица кандидати за градоначалници, Лимани и Шабани одат по нов мандат
Партијата Алијанса за Албанците на Арбен Таравари вечерва одржа состанок во Тетово, по кој беше соопштено дека на претстојните локални избори ќе настапи со четворица кандидати за градоначалници.
За нов мандат во Гостивар ќе се кандидира актуелниот градоначалник Ваљбон Лимани, а за Врапчиште – Исен Шабани.
За Општина Сарај, кандидат ќе биде генералниот секретар на партијата, Блерант Рамадани, додека за Теарце ќе настапи Назим Таипи, претседател на партиското собрание.
– Следуваат активности за промоција на кандидатите – изјави Таравари на прес-конференцијата.
Носителите на советнички листи сè уште не се утврдени. Според Таравари, тие ќе бидат договорени на ниво на работни тела во рамки на опозициската коалиција на албанскиот политички блок.